Guides

ЗИМСКО ПЛАНИНАРЕЊЕ И БЕЗБЕДНОСТ: ЗОШТО ЗНАЕЊЕТО Е НАЈВАЖНАТА ОПРЕМА НА ПЛАНИНА

Зимата на планина не е непријател. Таа е само поинаков, поинтензивен израз на истите природни закони што важат и во лето – со поизразени процеси и значително помал простор за грешки. Планините сами по себе не се опасни. Во нив се одвиваат природни процеси кои постојат независно од човекот. Опасноста за човекот се појавува тогаш […]

ПРАВИЛНО ДВИЖЕЊЕ НА ПЛАНИНА

Секој човек добро знае дека при движењето низ градот, во сообраќајот постојат одредени правила. Сите знаеме дека улицата ја минуваме на пешачки премин, на крстосницата со семафори минуваме само на зелен сигнал, запираме онаму каде што има знак стоп за задолжително запирање и.т.н. И на планина има исто така правила и прописи за безбедно движење. И овде правилата и прописите се со цел да се заштитат, од една страна луѓето – планинарите, клиентите, туристите, а од друга страна, планината и нејзиниот нежив и жив свет.